Богдановиќ ја чека Стефоска, а таа го чека него – никако да се договорат за Триумфална порта и куќата на Мајка Тереза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе два месеца Општина Центар и Министерството за култура си ја префрлаат меѓусебно одговорноста за Порта Македонија и Спомен куќата на Мајка Тереза. Владата испратила мислење до Општината, маркиците за овие два објекта да се избришат од ДУП за Мал Ринг, но Општината не постапува бидејќи чека одговор од Министерството за култура, а Министерството пак вели дека оваа работа е во рацете на Општината.

„Министерството е инвеститор на скулптуралната композиција Мајка тереза и на Порта Македонија. Но, Општината има надлежност над планирањето, дозволите за градење како и прогласување на дивоградби и постапување по дивоградби, што не е надлежност на Министерството за култура“.

 Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ денеска не одговори на повиците и пораките на ТВ21 во врска со ова прашање. Пред не повеќе од 5 дена тој го кажа спротивното од она што го тврдеше Министерството, дека чека одговор од министерката за култура, Ирена Стефоска за тоа како да постапи за Триумфалната капија и Куќата на Мајка Тереза.

Од Министерството за култура за ТВ21 велат дека според сите мислења, укажувања и документација, ја поддржуваат определбата на Владата за решавање на нелегеланиот проект. Велат дека исто така во тек е разгледување на статусот на Порта Македонија.

Владата побарала разгледување на Урбанистичкиот план, а во дополнително објаснување рекле дека не бараат објектите да се урнат, а градоначалникот на Скопје, уште подиректен.

Освен Порта Македонија и Куќата на Мајка Тереза, и фасадите на зградите и бродовите во Вардар се предвидува да се отстранат. Работната група формирана во 2017 во Министерството за култура за последиците од проектот “Скопје 2014“ утврдила дека има неоспорни докази дека станува збор за прекршување на сите закони кои ја регулираат материјата за подигање споменици, кои се поврзани со буџетот, јавните набавки како и законите за изградба и урбанистичко планирање.