Во последно време се појавија многу шпекулации околу тоа кој ќе биде новиот лидер на СДСМ по заминувањето на Зоран Заев.
Вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 гостуваше Стефан Богоев од таа партија, па го прашавме дали можеби тој се гледа како нов лидер на Социјалдемократскиот сојуз, со што одговори дека нема такви амбиции.
„Во моментов немам амбиции да го преземам СДСМ. Не би лицитирал со имиња. Приоритет во моментов е стабилизација на мнозинството и продолжување на интеграциски процеси, менаџирање на енергетска и здравствена криза и решавање на бугарското прашање. Во перидоот кој што доаѓа ќе се изнаслушаме голем број на приказни, комбинаторики“, рече Богоев.
