Претседателот на платформата Македонски концепт, Петар Богојески своето право на глас го оствари утринава во 10:00 часот во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.
Според Богојески, секој треба да излезе и да гласа онака како што смета дека е правилно но, додаде, од утрешниот ден па натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени да ги промени работите на подобро.
-Нашите стари кажале „Со сила убавина не бидува“, затоа денеска спокојно, сите внимателно без непотребни тензии да заврши овој ден, да изгласаме онака како што секој од нас смета дека е правилно но сепак да имаме едно на ум, од утрешниот ден па натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени да ги промениме работите на подобро и доколку не сме подготвени да влеземе во нормален и во спокоен живот, изјави Богоески утринава пред гласањето.
Тој додаде дека одлуката е на сите нас и како што дополни, се надева дека денеска ќе излезе цела Македонија на гласање и ќе ја донесеме вистинска одлука.
