„Боинг“ ги приземји 777 и нареди истрага откако паѓаа делови од авион врз куќи во Денвер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Компанијата за производство на авиони „Боинг“, нареди приземјување на сите авиони „777“ откако експлодираше мотор и делови од авионот паѓаа врз куќи во Денвер.

Авионот со 231 патник беше принуден да се врати во Денвер откако му се случи дефект со моторот.

Деловите од авионот паѓаа врз куќи и врз згради, како и врз фудбалски терен.

„Јунајтед ерлајнс“ кажа дека ги суспендирал своите активни „777“, а Јапонија повлече 32 вакви авионо од употреба. Вкупно 128 авионо низ целиот Свет треба да бидат приземјени.

САД, Јапонија и Јужна Кореја ги користат овие авиони.