Судењето за предметот „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, продолжува в петок. На денешното рочиште сведочеа хирург од приватната болница „Систина“, што е во сопственост на бизнисменот Орце Камчев, кој во два наврати го опрерирал Боки 13 за намалување на телесната тежина и личниот возач и кој според првообвинетиот му бил и личен асистент.
И денеска не изостануваше вербалните „преписки“ меѓу Боки 13 и Вилма Русковска. овој пат по цитатот на Јовановски од Иво Андриќ дека дошло време „паметниот да молчи, будалиот да говори, а о*ос*иј*та да се збогати“. На ова Рускоска праша дали Боки е „ о*ос*иј*та “.
Хирургот Тони Јосифовски рече дека извршил две операции врз Јовановски, првата била за намалување на телесната тежина, а вториот пат било од естетски причини.
Личниот возач на Јовановски, Стојан Арсовски пред Судот рече дека со него во два наврати патувале во Италија на модни ревии и дека на тие патувања од неговиот претпоставен добивал подароци. Според сведокот, на второто патување правеле пауза во Белград на која Јовановски вечерал со Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг и дека таа вечер сопругот на Туцаковиќ на Боки 13 му дал плико со, како што рече, прилично голема сума пари, кои пак му ги дал на возачот да ги стави во чантата.
Адвокатот Дуковски уште еднаш побара да му биде укинат притворот и да му биде изречен домашен притвор.
