Боки 13 и Јанева спроведени во затвор – одлуката на Апелација ги одведе зад решетки во Идризово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Боки 13 некогаш познат шоумен, Јанева специјален обвинител, сега двајцата се наоѓаат зад решетки во затворот во Идризово. Јанева е осудена заради злоупотреба на службената должност додека Бојан Јовановски, познат како Боки 13 за поткуп и перење пари.

Кога започна истрагата за Рекет и сомнението дека Јанева е вмешана во овој предмет, таа негираше, истакнувајќи дека нејзиното име се злоупотребува не само од Боки 13 туку и од некои други лица.

Налогот двајцата обвинети во случајот Рекет да бидат спроведени за одлежување затворска казна, го издаде Апелационен суд. Од таму ја потврдија пресудата на Кривичен, а се отфрлија жалбите на одбраната.

Според обвинението од Обвинителство, Боки 13, користејќи ја близината со екс специјалната обвинителка Катица Јанева, побарал пари од Орце Камчев и ја убедил Јанева да ги исполни неговите барања за олеснување на неговиот статус како осомничен и притворен во истрагата на СЈО за предметот Империја.

Јанева не знаејќи дека Камчев го снима разговорот преку телефон, го убедува дека се ќе биде во “ОК“. Јанева за олеснување на мерките за Камчев, добила мебел во вредност од многу висока сума како и пари во вредност од 50 илјади евра. За ова, Јанева е осудена на затворска казна во траење од 7 години.