Бојан Јовановски рече дека признавањето на вина од страна на Зоран Милески – Кичеец било однапред договорено. Тој се запраша како може сега да е на слобода, Катица во домашен притвор, а тој во затвор.
„Милески имаше договорена пресуда, договорено признавање на вина, и со самиот факт дека тој се наоѓа на слобода со добиено позитивно мислење на Јавен обвинител на Вилма Рускоска, за истото за што се гони Катица Јанева. Тоа ни покажува за каков оперативец станува збор.
На истиот тој човек му наоѓаа секој ден во затворот телефони, тој уште од таму тргуваше со својата слобода“, рече Боки 13.
