Во своите воведни зборови, првообвинетиот во случајот “Меѓународен сојуз”, Бојан Јовановски рече дека не само обвинетата Фросина Ременски, туку дека и многу други лица биле дел од Меѓународниот сојуз и потпишувале договори.
„Јас тогаш бев симпатизер и граѓански активист на СДСМ и дел од Шарената револуција. Од тогаш започнуваат контактите со Ременски, сум имал контакти и со повисоки лица од партијата“, рече Бојан Јовановски.
Во однос на проектот, рече дека тој бил донесен во 2017 година, а потоа започнала и негова реализација.
Идеен творец на проектот била пензионерката Лилјана Тодоровска, а таа била и дел од Собранито.
„Таа ги прими средствата Силјан Мицевски. Потпишани се правни акти предоговор, а потоа и договор со ГП Пекистер. Решавачки факти ќе бидат потпишаните договоти кои ќе ги презентираме“, рече Бојан Јовановски во своите воведни зборови.
Основачот на невладината „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет“, каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, заедно со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.
