Отфрлена е жалбата на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13. Апелација ја одби гаранцијата од 143.000 евра која ја понуди да излезе од притвор, и да оди во куќен притвор.
Јовановски веќе неколку пати бара да биде ослободен од затворски притвор, а приложуваше и медицинска документација за чир на желудник. Но, тој е во притвор веќе седум месеци.
Катица Јанева обвинета во случајот, е во куќен притвор.
