Боки 13: „Постојат снимки од мојот телефон кој не е вештачен“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното рочиште во Судот, рече дека постојат снимки со главниот и одговорен уредник Ацо Кабранов за овој случај, но не се достапни на Судот поради тоа што неговиот телефон не е вештачен.

Кабранов беше предложен сведок од Боки 13, но Судот одби да го испитува.

„На никој од уредниците ниту новинарите не им беше дадена конкретна задача. Исто како што зборувам ќе можеше да го потврди господинот Кабранов, доколку судот оценеше дека требаше да го сослуша. Исто така ќе кажеше дека ние за овој настан сме зборувале со Кабранов каде што има аудио снимки кои не се достапни на овој суд поради тоа што мојот телефон не е вештачен“, рече Јовановски.