Боки 13 ѝ се поклони на Вилма во судница: „Вие сакавте да го земете местото на Катица во СЈО“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во миговите кога Јовановски беше сопрен од судијката Васка Николовска – Масевска и му рече да се држи на темата. Се обрати и до обвинителката Вилма Рускоска, а судијката го предупреди дека не може да се обраќа директно.

„Ако треба и ќе се поклонам пред неа“, рече Јовановски… по што Вилма дофрли: „Ако има желба да се поклони, нека се поклони, не му го скратувајте тоа право“, врати Рускоска.

Боки тогаш отиде до обвинителката, се поклони и искоментира: „Штом ви е желба да го земете местото на Катица, еве ви се поклонувам“.