Боки: „Камчев преговараше и со Мицкоски, си праваше пазар за да може да се ослободи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бојан Јовановски – Боки 13 денеска во Судот истакна дека покрај тоа што Камчев преговарал со тогашниот премиер Зоран Заев, исто така преговарал и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Во исто време додека преговараше со Заев, преговараше и со Мицкоски. Тргува, си прави пазар човекот за да може да се ослободи“, рече Боки.

Тој истакна дека Камчев со сторената, како што ја нарече „шпионажа“, им помогна и на едните на другите. Боки истакна дека дали едните или другите се на власт, тоа е потполно исто, политиката е влезена во најситните делови на организмите на луѓето.