Борбата со коронавирусот ја изгубија 39 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19.

Оваа борба ја изгубија 39 лица.

  • Починати 16 лица од Скопје (79, 80, 54, 70, 68, 54, 68, 82, 84, 68, 76, 75, 71, 60, 73, и 56 години)
  • Починати две лица од Куманово (70 и 62 години)
  • Починато едно лице од Дебар (87 години)
  • Починато едно лице од Штип (71 година)
  • Починати три лица од Прилеп (86, 76 и 68 години)
  • Починати четири лица од Тетово (53, 72, 67 и 66 години)
  • Починати две лица од Струга 68 и 69 години
  • Починати две лица од Велес (67 и 68 години)
  • Починати две лица од Охрид (68 и 73 години)
  • Починато едно лице од Струмица (72 години)
  • Починато едно лице од Демир Хисар (65 години)
  • Починато едно лице од Берово (79 години)
  • Починати две лица од Кичево (60 и 41 години)
  • Починато едно лице од Неготино (40 години)

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57.451, бројката на оздравени пациенти е 34.970, на починати е 1.600, а бројот на активни случаи изнесува 20.881