Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, денеска изјави дека утрото го поминал во засолниште во Киев, откако беше прогласена воздушна тревога во главниот град на Украина.
„Го започнувам денот во Киев во засолниште, додека Русија извршува уште еден ракетен напад. Ова е секојдневната реалност за украинскиот народ од руската инвазија во полн обем“, рече Бореч на платформата Х.
Рано утринава, ширум Украина беше објавена воздушна тревога поради полетување на руските авиони Ту-95 и МиГ-31.
Starting my day in Kyiv in the shelter, as Russia unleashes another missile attack.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) November 11, 2024
This is the daily reality for the Ukrainian people since Russia‘s full-scale invasion. pic.twitter.com/4h3Yrljrxy