Борел повика на итна деескалација на северот на Косово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шефот на дипломатијата на Европската унија , Жозеп Борел вечерва повика на итна деескалација на северот на Косово и додаде дека секоја провокација или еднострана акција што е спротивна на интересите на луѓето во регионот мора да се избегнува.

„Го повикуваме раководството во Белград и Приштина да преземат одговорен пристап и да работат преку дијалог со посредство на ЕУ со цел да избегнат понатамошна ескалација, да воспостават мирна атмосфера и да работат на одржливи решенија. Во интерес на сите е да се бара начин напред што овозможува слобода на движење и што го подобрува секојдневниот живот на луѓето“, се вели во соопштението

Во него се додава дека дијалогот со посредство на ЕУ е единствената платформа за решавање на сите отворени прашања и ЕУ силно апелира до двете страни да го искористат целосно.

Борел нагласи дека сите договори постигнати во процесот на дијалог со посредство на ЕУ од неговиот почеток во 2011 година се валидни и обврзувачки за двете страни.

„Досегашните договори се важен елемент за сеопфатна нормализација на односите меѓу Косово и Србија. ЕУ и нејзините земји-членки ги повикуваат Косово и Србија целосно и без одлагање да ги почитуваат и да ги спроведуваат сите свои обврски од дијалогот“, се вели во соопштението.