Борел за гласањето на законот за ЈО: „Нов важен чекор во имплементацијата на реформите“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изрази задоволство поради донесувањето на Законот за јавно обвинителство во Северна Македонија.

Тој истакна дека од Минхен за Брисел летал заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров кој му ја пренел веста.

Тој додаде дека денеска и утре ќе разговараат за Европскиот совет да ја отвори вратата за европска перспектива на регионот.

Борел присуствува на неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан, што ја организира претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.