Шпанските истражителни органи донесоа одлука да нема елементи за кривична одговорност за тешката сообраќајна несреќа во која загина познатиот португалски фудбалер Диого Жота.
Со ова е ставен крај на истрагата за една од најголемите несреќи во поновата фудбалска историја.
Несреќата се случи на 3. јуни 2025 година на северниот дел од Шпанија. Автомобилот во кој се наоѓал Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, излетал од патот и притоа се запалил.
Според наодите, клучен момент било пукањето на гума од автомобилот, по што возачот ја загубил контролата.
По детална анализа на сите докази, како и со помош на сообраќајни вештаци, судот утврдил дека нема основа за покренување кривична постапка. Сепак, на семејството му останува можноста да поведе граѓанска постапка.
Браќата патуваа кон Сантандер, од каде Диого Жота требало со траект да продолжи до Англија, и да им се приклучи на подготовките на својот тим. Истрагата покажала дека во моментот на несреќата Жота управувал со автомобилот.
