Британскиот премиер Борис Џонсон нареди затворање на повеќето продажни салони и забрани собирање на повеќе од две лица, неговa новa, посиленa одлука, за да се забави ширењето на новиот коронавирус.
Џонсон го советуваше населението да „остане дома“, со неколку исклучоци и нареди продавниците што не продаваат основни производи да бидат затворени, засилувајќи ги ограничувањата што претходно ги наметна владата за пандемијата.
Во говорот од резиденцијата на Премиерот во Даунинг, Џонсон рече дека е клучно да се спречи ширењето на вирусот кај домаќинствата и дека полицијата ќе биде овластена да растера собири повеќе од две лица надвор за време на, како што рече, „националната вонредна ситуација“.
„Морам да им дадам на британскиот народ многу едноставно упатство“, рече премиерот: „Треба да останете дома“.
