На граничниот премин Табановце, полицијата лишила од слобода 39-годишен државјанин на Шведска, кој со возило со српски регистарски ознаки возел со 175 километри на час на автопатот А-1, во близина на Демир Капија.
При обид да ја напушти државата преку ГП Табановце, во полицискиот систем било евидентирано дека возел со 175 километри на час на делница каде што ограничувањето на брзината е 80 километри на час.
Како што информираат од полицијата, лицето е лишено од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Инаку, во текот на изминатите 24 часа, на целата територија на државата, полицијата лишила од слобода 16 лица поради „безобѕирно управување со возило“.
Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит – четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње.
Четири лица управувале возило под дејство на алкохол, додека две лица возеле и покрај тоа што имале изречена забрана за управување со моторно возило.
