Борис Кондарко е нов претседател на ДИК

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонското собрание денеска со одлука го назначи Борис Кондарко за нов претседател на Државната изборна комисија. Ова се случи смената на власта, а во согланост на предизборното законодовство кое предвидува за претседател на ДИК да биде член на опозицијата.

Кондарко доаѓа на ова место на предлог на СДСМ, а потпретседател ќе биде Абдуш Демири на предлог на БЕСА. Членови се досегашниот претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ) и Дитмире Шеху (ДУИ) како и Оливер Ристевски (СДСМ).

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК на местото на Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше член на ДИК а стана заменик – генерален секретар на Собранието, додека Радица Ристеска (СДСМ) заминува во пензија. Огласот трае осум дена од објавување во Службен весник.