„Пожар избувна во една станбена зграда тука во скопски Чаир. За среќа нема жртви и тешко повредени, но одреден број од станарите побарале лекарска помош и се испратени на тексикологија. Пожарот избувнал во 2 часот по полноќ, а повеќето жители се евакуирале сами преку скалите на зградата, а другите кои живеат на повиските катови биле евакуирани после 6 часа, односно околу 8:00 часот со помош на скалите на камионот кој се гледа зад мене, значи со помош на скалите на противпожарната единица.“, вели репортерот на ТВ21, Зекирија Хаџиу.
Жителите со насолзени очи раскажуваат за„ пеколот“ кој го доживеале додека низ чадот ги напуштиле нивните домови.
Станот и ходникот се наполнија со чад, едвај се симнавме до долу. Тоа се случи околу 2 часот по полноќ. Дали бевте будни? Да будни бевме, соседот ѕвонеше да ме праша да не гори нешто во мојот стан. Кога се симнавме долу пожарникарите беа тука. Имаше еден камион, потоа дојдоа и 2-3 други. Брзата помош дојде доцна. Беше ужасно, ужасно, фала му на Бога што нема жртви.
Пожарникарите неколку часа се бореле со пожарот. Командирот на скопската противпожарната бригада, Звонко Томевски, рече дека изгореле илјада квадратни метри.
Поради вдишување на чад, вкупно 43 лица биле хоспитализирани по пожарот. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет во текот на денот се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба. Освен станари и еден пожарникар биле испратен на токсикологија поради вдишување чад.