Борисов: Не ме интересира претседателската функција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на посетата на Перперикон коментираше дека никогаш не бил заинтересиран за претседателската функција, јави дописникот на МИА од Софија.

Борисов додаде дека неговата партија наскоро ќе го објави својот претседателски кандидат. Најверојатно, ГЕРБ повторно ќе учествува на претседателските избори во коалиција со СДС.

– Најдобро би било да има заедничка кандидатура на претседателска двојка од демократската заедница против диктатурата на Радев, оцени Борисов.