Бошков: Војната нема да го прекине туризмот, треба да го искористиме моментот за промоција на нашата држава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорката на факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип Татјана Бошков, вечерва во Бизнис 21 на ТВ21 кажа дека не очекува војната на Блискиот Исток да има последици врз туризмот.

„Не можеме да негираме дека конфликтот на Блискиот исток влијае врз трговијата, врз транспортот и врз туризмот. Мене ме радува слушајќи ги моите соговорници, фактот дека туризмот нема да прекине. Оваа криза која се случува ќе направи пренасочување на патниците кон други дестинации, а не кон Блискиот Исток. Можеме да кажеме дека вредноста на самиот турист се промени. Исто така треба да ја искористиме ние оваа криза за промоција на земјата и да ги натераме туристите од странство да доаѓаат кај нас“, изјави Бошков.