Четири постари лица од градот Коница во северозападна Грција загинаа денес во пожар што избувна во контејнерот за домување каде што живееја, објавија грчките медиуми.
Членови на исто семејство, брат и три сестри на возраст од 69, 75, 83 и 88 години, починаа, објавува порталот „Катимерини“.
Пожарот го изгаснале десет пожарникари од Коница и Јанина со пет противпожарни возила, а на местото на несреќата излегле и припадници на грчката полиција, експерти од истражниот оддел на противпожарната служба и медицински екипи.
