Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, покажа обдукцијата спроведена од Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.

Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите од вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување.

Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.

Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на МУП од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.

Обдукцијата што ја направи Институтот за судска медицина во Белград, сепак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, туку од претепување, чии траги биле јасно видливи и детално опишани во вештачењето.