Бразил најверојатно ќе започне со вакцинирање со цел да се запре пандемијата на коронавирусот во јануари или февруари, изјави денеска министерот за здравство Едуардо Пазуело во интервју за Си Ен Ен Бразил.
Тој вчера рече дека Бразил потпишал писмо со намера да прими 70 милиони дози вакцина против Ковид-19 од „Фајзер“ почнувајќи од јануари.
Бразил е на третото место во светот по бројот на заразени со Ковид-19, со повеќе од 6,6 милиони случаи по САД и Индија.
