„Бразилска мутација нема во Македонија, но постојат шанси“ – по заразен и посмртоносен

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Докторите од Србија во страв дека „бразилскиот сој“ на коронавирусот, веќе е присутен кај нив, а од Медицинскиот факултет се уште не е потврден ваквиот вид.

Имунолозите кај нас не сакаат да шпекулираат за тоа дали оваа мутација во Македонија ја има, се додека тоа не биде официјално потвдено.

„Постојат шанси, но додека вирусниот геном не се потврди со детална анализа, не можеме да знаеме дали се работи за бразилски сој, но реално постојат шанси да дојде и кај нас“ изјави за Сител Д-р Александар Петличковски, директор на Институт за имунологија.

Тој додаде дека вакцините се направени да го третираат и овој тип на вирус, но и останатите кои до прва би доаѓале.

За сега се знае дека бразилската мутација е позаразен и поопасен, а не ги поштедува ни младите.