Трамп оптимист за „тајната мисија“ на шефот на ЦИА во Москва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе излезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.

Трамп ова го изјави во интервју за емисијата „Glenn Beck Program“ на телевизијата „Blaze“, по извештаите на американските медиуми дека Ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговори со руски официјални лица за војните во Украина и Иран. Претходно, „CBS“ објави дека директорот на ЦИА престојувал во руската престолнина во тајна посета.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска за ТАСС потврди дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските безбедносни служби со Ретклиф. Песков појасни дека директорот на ЦИА немал директна средба со Путин.