Бремена докторка позитивна на коронавирус – не ги кажувала контактите и ставила две родилишта во изолација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Докторка чиј свекор бил позитивен на КОВИД-19, дошла да се пораѓа на Клиниката за гинекологија, пишува СДК.мк.

Имено, пред да биде примена на Клиника, на пациентката и била направена епидемиолошка анкета на која не открила дека имала контакт со заразено лице, по што била сместена во соба со две други родилки.

Од порталот пишуваат дека вработените во Гинеколошко-акушерската клиника добиле информации дека родилката има позитивен член во семејството, по што веднаш побарале да биде тестирана.

Докторката ја ставиле во изолација, по што, како што пишуваат, била навредена и одбила да се тестира, а потоа ја напуштила Клиниката и отишла да се породи во приватна болница.

Откако била породена, развила симптоми, и била тестирана, а тестот покажал дека е позитивна на коронавирус.

Во моментов се лекува на Инфективната клиника, а во изолација се ставени и 15 медицински лица од приватната болница.

„Многу неодговорно однесување. Ниту едно медицинско лице не смее да си дозволи вака да го загрози животот на вработените, на пациентите и на бебињата. Сите медицински работници носеле заштитна опрема, но сепак двајца се ставени во домашна изолација. Се следи и состојбата на двете родилки кои беа со неа во соба“, вели директорката на ГАК Викторија Јовановска.