Бремпт: Страшното е што Орбан не само што е близок со Трамп, туку е и близок со Путин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европратеничката Кетлин ван Бремпт, во денешното интервју на ТВ21 од Брисел, рече дека не може да има мир во Украина без да биде поканета самата Украина.

Таа коментираше за десничарските партии во Европа, и рече дека е страшно што Орбан е близок не само со Трамп, туку и со Путин.

„Не може да има мир ако ЕУ и Украина не се дел од решението. Нема да се постигне решение без Украина и ЕУ. Тоа нема да се случи. Како што споменавте, Вие сте социјалдемократка, дел сте од социјалдемократите во Европскиот парламент. Сакам накратко да зборуваме за нешто друго. Има зголемено десничарско движење во ЕУ, во Австрија и во Германија, како што споменавте, но пред европските избори имаше анализа која покажа дека екстремните десничарски партии ќе победат сегде, но не беше така“, рече Бремпт.

ТВ21: Како гледате на ова движење во Европа? Дали десничарските партии стануваат сѐ посилни и каква иднина ги чека социјалдемократите?Ќе споменам уште едно нешто. Европските лидери како Орбан, Фицо, а сега и Мелони во Италија се во многу добри односи со Трамп. Мелони дури и присуствуваше на инаугурацијата на Трамп. Како гледате на ова? Што ѝ е потребно на Европа за да биде пак обединета?

Бремпт: Страшното е што Орбан не само што е близок со Трамп, туку е и близок со Путин. Тоа ни кажува сѐ. Така овие луѓе гледаат на иднината на Европа. Сакаат Европа да се распадне. Сакаат ЕУ веќе да не постои. Сакаат да постои само континентот, но не и Унијата. Тоа ја прави Европа многу слаба, а токму тоа го сакаат Путин и Трамп. Луѓето мораат да се освестат. Луѓето денес се многу несигурни, можеби дури и уплашени од ситуацијата. Ефектите на миграцијата се осетни во сите градови и населби, треба да ги заштитиме своите граници и да мислиме на војните во Украина и на Блискиот Исток. Само обедините можеме да ги надминеме овие предизвици“, рече Бремпт.