Бремпт за ТВ21: Немаме силна Европа затоа што немаме заеднички надворешни политики

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кетлин ван Бремпт, европратеничка од Белгија, во интервју за ТВ21 рече дека потребна е нова идеја на ЕУ за развој на економијата. Со Бремпт разговараше Ерол Шаќири во Брисел, во седиштето на ЕУ.

ТВ21: Од економска гледа точка, ако се вратиме назад во минатото, ќе видиме дека се остварија идејата на Роберт Шуман од 1951 година, а потоа и договорот од Рим од 1957 година со кој настанала Европската економска заедница и можеби најважниот Договорот од Мастрих во 1993 година предводен од Франсоа Митеран и Хелмут Кол. Дали ни треба нов Шуман?
Нова идеја?

Бремпт: Секако.

ТВ21: Кои ќе бидат новите Франсоа Митеран
и Хелмут Кол?

Бремпт: Тоа е одлично прашање. Баш убаво што се повикавте на минатото на Европа оти беше клучно за да стигнеме тука каде што сме денес. Европа има динамична економија иако се соочуваме со тешкотии, но кој не се соочува со нив? Но ќе имавме многу поголеми тешкотии ако немавме интерен пазар и еврото. Тука е важна е општествената заштита на Европа. Тука се разликуваат моделите на САД и Европа. Нашиот пазар е основа за создавање на добар општествен модел. Кога ќе го споиме тоа со нашата силна демократија, владеењето на правото и почитувањето на правилата, сфаќаме дека клучните работи се на коцка. Идеите на Роберт Шуман и лидерството на Жак Делор, Митеран, Кол, па дури и Меркел, на силните германски, француски, но и на белгиските лидери се екстремно важни и клучни, но тие направија една клучна грешка, за која не ги обвинуваме, оти направија чудо. Сепак, направија голема грешка. Создадоа силна економска соработка во рамките на Европа без да создадат силна политичка соработка. Сега сфаќаме дека сѐ е поврзано. Почнавме да зборуваме за тарифите, а сега зборуваме за иднината на Европа и за тоа како да се справиме со заканите од САД, но и не само од САД, туку и
од Русија и војната во Украина, Кина, проблемите на Блискиот Исток… Светот е нестабилен. Затоа ни е потребна силна Европа. Но за тоа ни е потребна силна европска политика, а тоа не постои зашто немаме заеднички надворешни политики, Само едногласно можеме да реагираме
на надворешните политики на Трамп. Другите работи можеме да ги средиме со мнозинство.