Брисел се подготвува за уште еден земјоделски протест, земјоделците упаднаа со 300 трактори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според организаторите, во градот се очекува да пристигнат 300 трактори, а тоа е значително помалку од првиот ваков настан во февруари кога во градот влегоа околу 1.300 машини. Надлежните предупредуваат дека утре во Брисел движењето ќе биде можно главно со јавен превоз, а најверојатно ќе бидат блокирани и неколку од влезовите на автопатите кон главниот град.

Земјоделците бараат измени на правилата за нивните активности и се против трговските договори со ЕУ. Агендата на состанокот на министрите за земјоделство вклучува дискусија за состојбата на пазарот на земјоделски производи, погоден од војната во Украина и иднината на заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Во пресрет на состанокот, Европската комисија презентираше предлози за измени поврзани со барањата на земјоделците. Протестите создадоа пречка за напредокот на договорот на ЕУ со земјите од Меркосур (Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај), а во Франција Сенатот ја отфрли ратификацијата на договорот за слободна трговија ЦЕТА со Канада, кој е на сила од 2017 година, но сè уште не е конечно одобрен од сите европски земји.