Британскиот крал Чарлс и кралицата Камила пристигнаа во Австралија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила денеска пристигнаа во шестдневна посета на Австралија, а во Сиднеј по 20-часовен лет ги пречекаа деца со цвеќиња.

На агендата на шестдневната посета се очекува да се разговара за еколошки прашања и Чарлс да ги истакне опасностите од климатските промени во Австралија, каде што се чести големите теренски пожари и поплави.

Можност за Австралијците да се сретнат со кралот ќе биде забава со огромна скара, која ќе ја организираат австралиските домаќини во паркот во Сиднеј и неговата посета на операта во Сиднеј.

За време на неговото прво големо патување од февруари, кога беше објавено дека има рак, Чарлс исто така планира да се сретне во Австралија со научниците во истражувачката лабораторија кои работат на лек за болеста.

Тој летово накратко ја посети Франција по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија.

На референдум во 1999 година, Австралија ја отфрли промената на Уставот за да стане република. Ниту една реформа во оваа смисла веќе не е на дневен ред.

Во пресрет на неговото пристигнување во Сиднеј, Чарлс III изјавил дека Австралијците одлучуваат.

Според анкетите, третина од Австралијците сакаат да се ослободат од британската монархија, третина би сакале ништо да не се промени, а третина велат дека се неопределени.

Чарлс е првиот британски монарх кој дојде во Австралија од 2011 година кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, беше пречекана од голема толпа.

Но, со исклучок на неколку упорни монархисти и жестоки републиканци, австралиската јавност сега е главно рамнодушна кон посетата на нивниот суверен.

Австралија му е драга на Чарлс III кој има многу спомени од таму. Тој беше таму за прв пат во 1966 година, на 17-годишна возраст, во училиштето Тимбертоп, во планинскиот регион Викторија. Тој повторно дошол во Австралија со неговата сопруга Дијана во 1983 година, привлекувајќи ги набљудувачите желни да ја видат „народната принцеза“. За време на една посета во 1994 година, еден човек испукал две ќорци кон него додека тој држел говор на пристаништето во Сиднеј.

По шест дена престој во Австралија, кралот и кралицата ќе заминат во островската држава Самоа, во Полинезија, на Тихиот Океан, на состанокот на Комонвелтот, каде што ќе останат пет дена.