Британците наскоро со воз напојуван од човечки и животински отпад со цел намалување на загадувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британците наскоро може да можат да патуваат со возови кои користат биометан добиен од човечки и животински отпад како гориво, со што се намалува емисијата на штетни гасови.

Инженерите кои стојат зад проектот Ултра лесна железница имаат намера да ги заменат градските возови и трамваи со алтернативни возила кои користат биометан како гориво и со тоа ја штитат животната средина.

Компанијата доби и финансиска помош од фондот на британската влада за развој на воз со биометан. Возот за во иднина треба да има капацитет да превезува 120 патници.

Биометанот е вид на биогориво што се добива од повеќе видови отпад, вклучувајќи тиња од отпадни води, остатоци од култури на полињата, ѓубриво и остатоци од храна. Сите овие остатоци се разградуваат од бактериите за да се произведе гас што може да се користи како „почисто“ алтернативно гориво.

Иако биометанот ослободува јаглерод диоксид во атмосферата, поборниците на овој вид гориво тврдат дека овие процеси се природни и дека употребата на ова гориво им дава нова намена на овие суровини, а исто така спречува употреба на фосилни горива.

Компанијата URL планира да го понуди своето решение за поголемите и помалите градови во Велика Британија за да се намали загадувањето и да се подобри квалитетот на животот.