Британците се потсмеваат на оставката на Лиз Трус: „Салатата ја надживеа“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шеги за оставката на британската премиерка Лиз Трас ги преплавија социјалните мрежи.

Трус поднесе оставка по само шест недели како премиер, а луѓето сега го споредуваат нејзиниот краток мандат со различни сцени и референци од поп-културата.

Така почнаа шегите дека на Велика Британија и останува само мачорот Лери да ја добие премиерската функција, бидејќи најдолго остана во Даунинг стрит.

„Британската влада. Нула дена од последното срање“, напишаа други.

Некои го споредија мандатот на Лиз со боречки меч во кој противникот е елиминиран за секунда.

Актуелни се и вестите за неодамна популарното шоу во живо меѓу Британците со наслов „Дали Лиз Трас ќе надживее една глава зелена салата?“. „Салатата ја надживеа Лиз“, пишуваат сега.