Бритни Спирс ја губи судската битка со нејзиниот татко

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нов, непознат, вид на коронавирус пронајден во познатиот зимски туристички центар во Германија

На клиника во Гармиш-Партенкирхен, според пишувањата на германските медиуми, пронајден е нов, досега непознат сој на коронавирус. Во болницата...

Во Скопје 179 санкционирани возачи, 29 за брзо возење, 14 за минување кроз црвено

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 179 мерки, од кои 29 за...

Тлото во Хрватска и натаму се тресе: Еден земјотрес регистриран во близина на Петриња, втор во Загреб

Нов земјотрес во близина на Петриња е регистриран синоќа во 21:36 часот. Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени...

Во Франција речиси 6.000 казни во продолжениот полициски час

Речиси 6.000 казни се регистрирани во првиот ден од продолжениот полициски час, што беше воведен во обид да се...

412 санкции за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична...

 Судот во САД го отфрли барањето на Бритни Спирс – нејзиниот татко да биде отстранет како повереник на нејзиниот имот.

Џејми Спирс беше законски управител на имотот на неговата ќерка цели 12 години поради нејзините проблеми со психичкото здравје. Адвокатот на Бритни изјави дека поп-ѕвездата се плаши од својот татко и не се чувствува безбедно додека тој ги контролира нејзините средства.

Адвокатот на нејзиниот татко тврди дека тој секогаш постапувал во интерес на својата ќерка.

Судијата рече дека ќе ги разгледа идните жалби за промената на статусот на Џејми Спирс во иднина.

Во меѓувреме, на барање на Бритни, за поверител е назначена финансиската компанија „Бесемер траст“. За време на вчерашното рочиште, нејзиниот адвокат Семјуел Ингам изјави дека таа и нејзиниот татко „немале одржлива врска“ и оти долго време не разговарале. Вивијан Торин, адвокат на Џејми Спирс, тврди дека причината за тоа што таткото и ќерката не разговарале е што г-н Ингам ја спротивставува Бритни против Џејми.