Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по изборите во општина Брвеница порача дека изборната победа претставува голем успех, но и обврска за реализација на конкретни проекти и одговорно работење во интерес на граѓаните.
Во своето обраќање, Мицкоски го истакна значењето на единството, нагласувајќи дека идните успеси треба да се темелат на почит кон секој човек и исполнување на дадените ветувања.
„Победата е голема, но нашата заедница повикува и на големи победи. Со конкретни проекти, со одговорност, со почит кон секој човек. За една победа за сите, за да се зачува моќта на единството“, порача Мицкоски.
Тој упати повик за продолжување на заедничките напори и остварување на уште поголем изборен успех.
„Ајде да одиме на целосна победа. Ви благодарам“, рече Мицкоски.
