„Оптимист сум поради ова што гo гледаме, единството, фокусираноста на владеење на правото, признавањето дека тоа е поважно од кога било претходно, па, во моментов дел од тоа ќе се преточи во позитивен импулс, вклучително и во односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија“.
Ова во ексклузивното интервју за ТВ21 го порача амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.
Таа вели дека охрабрени се од тоа што го виделе, обновените дипломатски разговори помеѓу престолнините.
„Охрабрени сме зашто сега постојат и работни групи кои работат не само на решавање на билатералните прашања туку и на воспоставување долгорочна соработка што ќе им оди во корист на граѓаните на двете држави и ќе помогне да се промовира идејата дека пристапниот процес за ЕУ е во најдобар интерес на двете држави“, порача Брнз.
Амбасадорката вели дека е оптимист за тоа дека ќе се види напредок.
