Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, вечерва во ексклузивно интервју за ТВ21 истакна дека одржала средби со новиот премиер Димитар Ковачевски и министрите кои се вклучени во преговорите со соседна Бугарија.
„Имав шанса да се видам со новиот премиер и со повеќе од министрите кои сега се вклучени во повеќе аспекти од разговорите. Од нив чув дека се посветени да ја искористат оваа можност што се создаде со новата влада во Софија, да се обидат да ги решат отворените прашања и да постигнат договор за процесот да може да продолжи и Северна Македонија да го задржи ИГЦ и потоа да го започне процесот на отворање и затворање на поглавја и задоволување на критериумите за членство во ЕУ“, вели Брнз.
Таа додава дека многу внимателно се следат преговорите.
„Искрено, се надеваме дека овие разговори ќе создадат таков импулс и ќе помогнат во премостување на разликите за да може сѐ да продолжи. Откако ќе се задржи ИГЦ, сакаме да видиме подеднаква итност при исполнување на критериумите и реформите кои се неопходни за крајната интеграција во ЕУ“, додава Кејт Мари Брнз во ексклузивно интервју за ТВ21.
