Американската крајбрежна стража објави дека брод што превезувал околу 3.000 автомобили, вклучувајќи електрични возила, до Мексико бил напуштен во средината на Тихиот Океан откако се запалил, а екипажот бил евакуиран, објавија денес американските медиуми.
Овој инцидент укажува на зголемениот ризик од транспорт на електрични автомобили, објави агенцијата Блумберг.
Според американската крајбрежна стража, пожарот на „Морнинг Мидас“ избувнал околу 500 километри јужно од островот Адак во близина на Алјаска.
