Црна Гора има црн прв ден од Новата година, откако попладнево се случи масакр во една кафеана во Цетиње, при што најмалку 10 лица загинаа, меѓу кои и деца.
Бројките најпрво беа пет, па седум, и се искачија на 10, потврди министерот за внатрешни работи. Се стравува дека таа бројка можеби нема да биде конечна, затоа што четири лица се борат за живот во Клиничкиот центар во Подгорица.
„Убиени се 10 лица, додека четири лица се борат за живот во болницата во Подгорица“, рече министерот Данило Шарановиќ.
Сите полициски единици, како и припадниците на СЈП со часови трагаат по осомничениот Ацо Мартиновиќ.
Министерот рече дека таму се сите полициски оперативци во Цетиње.
„Осомничениот е вооружен и користи моторно возило. Во моментов фокусот е да се лиши од слобода“, рече Сарановиќ.
