Бројот на починати од коронавирус во Македонија надмина 6.000

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денешниот ковид биланс од Министерството за здравство покажува дека во Македонија официјално имаме над шест илјади починати лица од коронавирусот.

Вкупната бројка на починати лица изнесува 6.013.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.  

Инаку, во последните 24 часа се направени 5.865 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe и 574 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 26 починати лица, меѓу кои и 23-годишно лице од Крива Паланка.

Досега во земјата се направени вкупно 1.175.766 тестирање на Ковид-19.