Бројот на загинати при експлозијата во Мадрид се искачи на четири лица, неофицијално причина е истекување на плин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Големата експлозија која се случи попладнево во Мадрид, ги вознемири граѓаните на главниот шпански град. Првично имаше двајца загинати, но бројката сега се искачи на четири лица.

Уништена е една зграда, додека оштетени се околните објекти. Експлозијата се случила недалеку од атракцијата „Пуерта де Толедо“.

Неофицијално, до несреќата дошло при истекување на гас. Се појавиле информации дека наводно станарите чувствувале мирис на плин неколку часа пред експлозијата.

Локалните медиуми јавуваат дека експлозијата дошла во миговите кога работници ги проверувале плинските инсталации во зградата.

Најмалку 11 лица се повредени во експлозијата и рушењето на зградата.