Бројот на загинати во инцидентот во Германија се искачи на пет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот во инцидентот кога автомобил вчера влета во толпа на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет лица загинати, и над 200 повредени, изјави Рајнер Хаселоф, премиер на сојузната германска покраина Саксонија-Анхалт.

Канцеларот Олаф Шолц, кој беше со него за да оддаде почит во источниот град Магдебург, изрази посебна загриженост за околу 40 тешко повредени лица и ја осуди „страшната катастрофа“.