Бројот на загинати во налетот на ураганот „Мелиса“ на Карибите се искачи на 34, јавува британскиот „Скај њуз“.
Ураганот предизвика огромна материјална штета и уби осум лица на Јамајка, едно во Доминиканската Република и 25 на Хаити.
Откако стигна до копното на Јамајка во вторник, 28 октомври, ураганот предизвика поплави и обемни штети на инфраструктурата во Јамајка, Куба, Доминиканската Република и бројни мали островски држави во Карибите.
