Бројот на заразени од коронавирус во САД надмина над 1 милион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во САД бројот на заразени премина над 1 милион, односно откриени се 1.000.441 случаи на Ковид-19.

Од вирусот починаа 56.286 лица, што е повеќе од Кина, која беше епицентар на пандемијата.

Најтешка е ситуацијата во сојузната држава Њујорк која бележи 297.224 случаи, и починати 22.612. Гувернерот на таа држава Ендру Куомо наложи засилено тестирање, кое сега се врши и во аптеките, па тестирани дневно се 40 илјади.