Бројот на жртви од пожарот во Хонг Конг се искачи на 160

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на жртви во пожарот што минатата недела зафати седум солитери во Хонг Конг се искачи на 160, објави денес локалната полиција, додавајќи дека уште шест лица се водат како исчезнати.

Полицискиот комесар денес изјави и дека следната фаза од работата на локацијата ќе вклучува отстранување на скелиња за да се бараат телата, објавува „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Најлошиот пожар во Хонг Конг во последните 17 години ги зафати високите згради на станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ на 26 ноември.