Најмалку 164 лица загинаа, а речиси 1.000 се повредени во силните земјотреси што ја погодија Венецуела, соопшти денеска привремената претседателка на земјата, Делси Родригез.
Родригез изјави дека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани во најтешко погодените подрачја и дека властите ја проценуваат штетата врз инфраструктурата, станбените објекти и јавните установи, пренесува Ројтерс.
За да се забрза санирањето на последиците од катастрофата, владата ќе формира почетен фонд за обнова во вредност од 200 милиони долари, кој ќе биде финансиран со средства од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Според неа, средствата ќе бидат насочени кон обнова на оштетената инфраструктура.
Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија оваа латиноамериканска земја и предизвикаа огромна материјална штета.
