Бучковски: Да се почитува Преспанскиот договор – Мицкоски: Македонија направи сѐ, но се уште не сме членка на ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Порака од поранешниот премиер Владо Бучковски до мандатарот Христијан Мицкоски да го почитува Преспанскиот договор и да не ги урива мостовите кои веќе се изградени меѓу соседите. Сега сме во процес на градење доверба со Грција, и поради тоа треба внимателно да се постапува и да не се нарушуваат односите, нагласи Бучковски на Конференцијата за мир и одржлив развој во Атина за 6 годишнината од Преспанскиот договор, а во организација на фондациите на екс премиерите Заев и Ципрас.

„За нашиот иден премиер мислам дека е паметен, но е без политичко искуство како вашиот премиер Мицотакис. Испраќам порака до Скопје, до Северна Македонија, до нашиот нов премиер да ја повтори истата реченица и да продолжи да продолжи да гради нови мостови. Отвори ги можностите за нови грчки инвестиции во нашата земја бидејќи грчките бизнис релации се еден од најсилните поддржувачи на нашите силни односи.“, изјави Бучковски.

Но, на пораките од Атина, Мицкоски вели дека и покрај тоа што Македонија направи се што е потребно, но се уште сме во чекалната на Европската унија.

„Се уште ми се свежи сеќавањата на истите тие кои што испраќаат пораки како ме гледаа во очи и ме лажеа дека само со промената на името се ќе биде поинаку. Ќе станеме земја членка на НАТО, ќе тргнат преговорите. Излажаа народ кој што направи за таа според него илузија како ниту еден народ во Европа што направи. Најпрво се откажа од своето знаме, потоа се откажа неколку пати од Уставот, на крајот од своето уставно име и за жал се уште сме во чекалната не сме ниту на масата.“, рече Бучковски.

Изминатиов период и Мицкоски, но и претседателката Гордана Силјановска Давкова откако не го употребуваа уставното име стигнаа бројните реакции од Грција, со порака идната влада да го почитува Преспанскиот договор.