Бучковски: Не е прв пат локалните избори, опозицијата да ги наметне како референдум против власта, никогаш тоа не завршило со оставка од лидерот и премиерот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Владо Бучковски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не е прв пат локалните избори, опозицијата да ги наметне како референдум против власта.

„Не е прв пат во нашата држава, локалните избори опозицијата да ги наметне како референдум против власта и политиките што власта ги води на централно ниво. Се сеќавам јас, 2000 година, кога СДСМ беше опозиција нашиот слоган беше ова не се обични избори, ова е референдум. Тргнавме тогаш со една силна кампања против власта на Љубчо Георгиевски. Имавме одличен резултат, после првиот круг ги освоивме сите градови, победивме во првиот круг во Скопје, но бидејќи власта тогаш даваше изјави дека ако ги изгубат локалните избори ќе го прифатат предизвикот на опозицијата и ќе одиме на предвремени избори, до предвремени избори не дојде“, истакна Бучковски.

Тој додава дека после 20 години се повторуваат некои работи, но и покрај убедливиот пораз што тогаш го доживеал ВМРО-ДПМНЕ и Љубчо Георгиевски никој не посегнал по оставка како што сега тоа го направи претседателот на Владата и претседател на СДСМ.